Вечерва на стадионот Ататурк во Истанбул ќе се игра финалето во Лигата на шампионите помеѓу Интер и Манчестер Сити.
Англичните ќе ја имаат улогата на фаворит, обложувалниците се на страната на тимот на Пеп Гвардиола, но Интер секако нема да се предаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер ќе се обиде да дојде до својата четврта титула во најелитното европско натпреварување, додека Манчестер Сити се уште ја чека првата. Прилика за историја во ова финале има Пеп Гвардиола кој може да стане шестиот тренер кој ја освоил ЛШ со различни клубови.
Претходно тоа им успеа на: Ернст Хапел, Јуп Хејнкес, Отмар Хицфелд и Жозе Мурињо.
Интересно е што Интер и Манчестер Сити досега немаат официјални меѓусебни дуели и се среќаваат за првпат.
Во редовите на Манчестер Сити неизвесен е Кајл Вокер кој има ситна повреда, додека кај Интер под знак прашалник се Микхтаријан и Хоакин Кореа.
МАНЧЕСТЕР СИТИ (3-2-4-1): Едерсон – Вокер, Диас, Аканџи – Стоунс, Родри – Силва, Гундоган, Де Брујн, Грилиш – Халанд
ИНТЕР (3-5-2 ): Онана – Дармијан, Ачерби, Бастони – Дамфрис, Барела, Мхитарјан, Чаланоглу, Димарко – Мартинез, Џеко