Сите добро ги знаевме квалитетите на Ерлинг Халанд и пред да потпише за Манчестер Сити, а истите само на дело ги демонстрира во дресот на „граѓаните“.
Сепак, ретко кој очекуваше дека Халанд може да стартува со 14 голови во првите осум кола, вкупно има 17 голови на 11 одиграни натпревари. Ако продолжи вака сигурно дека се сериозно загрозени рекордите на Меси од сезоната 2011/2012.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш Меси постигна 73 голови во сите натпреварувања, тоа е и неговата голгетерски најуспешна сезона. Ако се сметаат и настапите за репрезентацијата на Аргентина Меси таа 2012 година постигна 91 гол.
„Скај Спорт“ ги спореди бројките и пресмета дека Халанд може да дојде до неверојатни бројки ако продолжи со вакво темпо. Му предвидуваат неверојатни 71 гол ако ги одигра сите натпревари во Премиер лигата, потоа 95 ако ги игра сите минути во останатите натпреварувања или 102 гола со се настапите за Норвешка.
Да почекаме да видиме…