Дома Фудбал Лига на шампиони Може ли Роналдо да заработи суспензија за наредниот натпревар во ЛШ?

Може ли Роналдо да заработи суспензија за наредниот натпревар во ЛШ?

Португалецот би можел да се соочи со проблем.

Кристиано Роналдо дефинитивно е човекот кој ја обележа изминатата недела во Лигата на шампионите.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Португалецот постигна хет-трик во реваншот против Атлетико и така му обезбеди место на Јувентус во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување.

Она што остави посилен впечаток после овој натпревар е „одговорот“ на Роналдо за Диего Симеоне на неговата гестикулација во првиот натпревар.

Симеоне тогаш голот на својот тим го прослави со фаќање за меѓуножјето. Подоцна се бранеше дека тоа не било провокација за противничките навивачи, туку дека било наменето за навивачите на Атлетико на кои сакал да им покаже дека тимот има силен карактер.

„Го направив тоа и како играч во натпреварот помеѓу Лацио и Болоња и го направив повторно за да им покажам на нашите навивачи дека имаме му*а. Не беше насочено кон противничкиот тим, туку кон нашите навивачи. Признавам не изгледаше убаво, но во тој момент почуствував потреба да направам такво нешто…Толку се боревме. Диего Коста се бораеше, а не беше целосно спремен. Морав да покажам како се чуствувам…Можам само да се извинам ако навредив некого, но го направив тоа од срце“, објасни Симеоне после натпреварот во Мадрид.

Меѓутоа очигледно неговото објаснување не било убедливо за Роналдо кој се одлучи да ја ископира неговата прослава во реваншот.

Диего Симеоне за овој гест беше казнет со 20.000 евра, се очекува нешто слично да биде и со Роналдо. Но, бидејќи сега е јасно на што алудираше Роналдо (одговор на Симеоне) не се исклучува можноста Португалецот да биде казнет и со суспензија во наредниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди н…