Двете легенди на Реал Мадрид, Лука Модриќ и Карим Бензема добиле исклучително богати понуди од Саудиска Арабија, пренесува „Мундо Депортиво“.
Понудите се во износ од 30 милиони евра, а целта е трансферите да се направат по завршување на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е е што во овој случај не се работи за конкретен клуб кој преговара со ветераните. Директната понуда стигна од владата на Саудиска Арабија, која им овозможува на Бензема и Модриќ да изберат за кој клуб ќе играат во саудискиот шампионат.
На споменатата сума не се вклучени бонуси и награди, а нивната плата за втората година додатно ќе се зголеми.