Дома Фудбал Модриќ за Мбапе: Реал Мадрид е над секој фудбалер

Модриќ за Мбапе: Реал Мадрид е над секој фудбалер

Лука Модриќ во интервјуто за „Јутарњи лист“, говореше за одлуката на Килијан Мбапе да го одбие Реал Мадрид и да остане во ПСЖ.

Модриќ потврди дека сите во Реал верувале дека ќе пристигне Мбапе, но тврди дека никој играч не е поважен од клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мбапе го одлучи она што го одлучи и тоа е негово право. Мбапе донесе одлука и мора да живее со одлуката која ја донесе. Сите мислевме дека ќе дојде кај нас, но на крајот не испадна така. Не може да му се суди, тој е фантастичен играч. Сепак, јас секогаш го велеам истото, никој не е поважен од еден клуб. Реал Мадрид е поголем од сите, Реал Мадррид е над сите и над секој фудбалер“, изјави Модриќ.

Навивачите на Реал му замерија на Хрватот што го побара дресот на Мбапе во првиот дуел со ПСЖ, но Модриќ сега објасни дека тоа го направил за да го подари на детето од пријателот Домогој Вида.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…