Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Лука Модриќ донел конечна одлука за својата иднина и ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид.
Модриќ дефинитивно ја одбил богата понуда од Саудиска Арабија за да стави потпис на едногодишен договор со Реал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Друга причина поради која Модриќ три години во Арабија одби 200 милиони евра е тоа што се уште не сака да се збогува со хрватската репрезентација. Капитенот сака да ја одведе Хрватска на ЕП следното лето“ , пишува „Ас“.
Се очекува во понеделник Реал Мадрид и официјално да го објави новиот договор со Модриќ, кој изгради легендарен статус на „Сантиаго Бернабеу“.