Лука Модриќ одигра уште еден одличен Мундијал со хрватската репрезентација и дојде до бронзениот медал.
Модриќ вчера со остатокот од репрезентацијата се врати во Хрватска, а шпанските медиуми кои се блиски до Реал Мадрид пишуваат дека веднаш му се јавил на Карло Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притоа, Модриќ му се понудил на Анчелоти да игра на 30 декември во натпреварот против Ваљадолид.
Весникот „Дифеса Централ“ пишува дека Анчелоти останал шокиран и му се обратил со зборовите: „Лука немој да се шегуваш со мене, го одигра целото Светско првенство, одмори се“.
Модриќ ќе добие неколку слободни денови и потоа ќе му се приклучи на Реал Мадрид, околу Нова Година.