Дома Топ вести Модриќ ги одби арапските милиони, останува во Реал

Модриќ ги одби арапските милиони, останува во Реал

Лука Модриќ им рекол на челниците на Реал дека не планира да оди во друг клуб и дека ја одбил понудата од Саудиска Арабија, пренесува новинарот Томаш Гонзалес-Мартин.

Хрватот има договор со Реал до крајот на сезоната, но се уште не добил понуда за продолжување на соработката.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Модриќ му кажа на Реал дека сака да остане уште една година и дека одбива огромна понуда од Саудиска Арабија. Тие му понудија 60 милиони евра за двегодишен договор, но тој сака да остане во Реал. Планира да ја заврши кариерата во мадридскиот клуб“, тврди Гонзалес-Мартин.

Истиот извор наведува дека 37-годишниот Модриќ има поддршка од семејството и дека сите сакаат да останат во Мадрид, а Реал најверојатно ќе му понуди нов едногодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Симеоне викендов испишува историја: Ова не му успеало на никој друг!

Аргентинскиот стратег, Диего Симеоне даде многу на Атлетико, а викендов ќе влезе во истори…