Дома Останати МНОГУ ПРИЧИНИ ЗА РАДОСТ – ДВА ГОЛА, ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД MOZZART!

МНОГУ ПРИЧИНИ ЗА РАДОСТ – ДВА ГОЛА, ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД MOZZART!

Заврши настапот на Македонија на Европското првенство, но сепак имавме многу причини за прослава! Компанијата Mozzart за време на првенството организираше акција „Милион причини за гол“ и најави дека за секој погодок на нашите репрезентативци ќе донира милион денари во хуманитарни цели. Промотер на кампањата беше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, кој предложи парите да се донираат во две здруженија – „Борка“ (Здружение за борба против рак) и „Дајте ни крилја“ (Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби).

На Европското првенство се славеа два гола на нашиот тим, па на адреса на овие установи ќе отидат по милион денари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Херој на акцијата за првиот милион беше Горан Пандев, кој во 28-та минута донесе изедначување против Австрија во првото коло, а нашите момци се држеа до овој резултат се до 78-та минута, кога противничката екипа повторно даде гол и на крајот забележа победа од 3:1. Македонија беше тажна заради поразот, но Пандев донесе голема радост и милион денари во хуманитарни цели!

Ист случај беше и во второто коло против Украина. Алиоски во 57-та минута го намали водството на Украинците на 2:1, но тоа не помогна на нашата репрезентација да избегне пораз. Сепак, тоа беше огромна помош за акцијата на Mozzart „Милион причини за гол“, бидејќи компанијата повторно издвои милион денари во хуманитарни цели.

Оваа општествено одговорна компанија редовно организира хуманитарни акции, како што се „Нови дресови за нови шампиони“, „Хуманитарен тикет за викенд“, а низ бројните донации помага на здравствениот систем и голем број на институции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…