Дома Фудбал Италија Младиот Италијанец сака да биде комбинација од Пирло и Гатузо

Младиот Италијанец сака да биде комбинација од Пирло и Гатузо

Mладиот Сандро Тонали изјави дека би сакал да биде комбинација од Андреа Пирло и Џенаро Гатузо.

Тонали дебитираше за Италија во победата над Лихтенштајн од 5:0, а 19 годишниот играч на Бреша го поврзуваат со трансфер во Јувентус.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тој после натпреварот беше запрашан за споредбата со Гатузо и Пирло.

„Тешко е да се избере еден од такви асови. Можеби комбинација од двајцата би била совршена. Претпоставувам дека имам сличности со Пирло на некој начин, но додавам жештина и поради тоа повеќе сум можеби како Гатузо“, изјави Тонали.

Италија е во серија од девет победи, а селекторот Манчини им даде прилика на младите фудбалери.

„Се чуствувам прекрасно, не се добива лесно шанса да се игра во националниот тим. Триесетина секунди бев многу емотивен, но тренерот ни кажа да бидеме спремни, знаев дека може се да се случи“, порача талентираниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…