Баерн и Челзи се во отворена борба за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд.
Секако, станува збор за Кристијан Пулишиќ кој ја воодушеви Европа со своите настапи за „милионерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи веќе соработуваше со Борусија Дортмунд кога ова лето во редовите на германскиот клуб го испрати својот напаѓач, Мичу Батшуаи кој сега прикажува одлични настапи.
Но, доколку Челзи или Баерн се сериозно заинтересирани за услугите на Пулишиќ ќе мораат добро да платат.
„Доколку го сакате Пулишиќ ќе мора да платите 88 милиони фунти“, порачаа до Дортмунд.
Кога е Баерн во прашање, навистина не би било чудно доколку овој фудбалер наскоро го гледаме на Минхен. Да потсетиме, во последните неколку години Дортмунд со Минхен го заменија Левандовски, Матс Хумелс и Марио Геце, кој подоцна се врати во редовите на „милионерите“.
Chelsea will go to battle with Bayern Munich for Dortmund teenager Christian Pulisic this summer! ??
Would you welcome a move for him to come to Stamford Bridge? pic.twitter.com/usb4NnaHDG
— Absolute Chelsea (@AbsoluteChelsea) February 21, 2018