Дома Останати Кошарка МКФ зад „затворени врати“ донесена одлука за проширување на првата кошаркарска лига!

МКФ зад „затворени врати“ донесена одлука за проширување на првата кошаркарска лига!

mkf

Во текот на вчерашниот ден на седница која се одржала зад затворени врати управниот одбор на македонската кошаркарска федерација донел одлука за проширување на првата лига од 10 на 12 екипи.

Од МКФ истакнаа дека тимовите на Академија ФМП, КК Водњански лисици, КК Карпош соколи 2 и КК Црн Дрим ќе имаа шанса да разигруваат за пласман во првата лига. Споменатите четири клубови до својата шанса стигнаа со завршувањето на третото, четвртото, петото и шестото место минатата сезона во второто по ранг натпреварување во нашата држава.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, доколку овие клубови не ги исполнуваат условите или не сакаат да учествуваат во првата лига, шанса ќе им се даде КК Пелистер и КК Вардар, третата опција е бараж натпревар помеѓу Вардар и Пелистер, доколку еден од наведените четири клуба одлучи да се натпреварува со најдобрите екипи во Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ со неверојатниот настап против Литванија израмни рекорд и го освои признанието МВП

Со израмнет рекорд според бројот на реализирани поени на еден натпревар од промена на форм…