Арсенал денес ги објани имињата на фудбалерите кои ќе конкурираат за натпреварите во Лига Европа, а на списокот се најде и Хенрих Михтаријан.
Ерменскиот репрезентативец пред неколку дена пристигна во Арсенал од Манчестер Јунајтед и ќе има право да настапува во Лига Европа со „топџиите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Михтаријан по доаѓањето на „Емирати“ го избра дресот со број „седум“, но во Лига Европа ќе биде приморан да носи друг број.
Имено, бројот „седум“ е веќе искористен за оваа сезона во ЛШ од страна на Алексис Санчез, па Мики ќе мора да избере друг број. Иако имаше многу шпекулации околу тоа, денес стана јасно дека Ерменецот ќе го носи дресот со број „77“.
He's our @premierleague No 7️⃣ but, due to @UEFA rules, @HenrikhMkh will wear 7️⃣7️⃣ in the Europa League pic.twitter.com/mRkLuEiI9W
— Arsenal FC (@Arsenal) February 2, 2018