Дома Фудбал Репрезентации Михајловиќ објасни зошто ја одбил понудата да биде селектор на Србија

Михајловиќ објасни зошто ја одбил понудата да биде селектор на Србија

Овие денови многу се пишува за тоа кој ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Србија, Синиша Михајловиќ бил еден од кандидатите, но тој ја одбил понудата.

Михајловиќ сега потврди дека бил контактиран и објасни зошто ја одбил понудата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Ме контактираа во декември и ми кажаа дека сум првиот тренер со кој разговарале. Ќе ми беше мило да се вратам, сакав да соработувам со одличните играчи кои ги имаме. Меѓутоа не бев спремен истовремен да работам две работи. Им одговорив дека би било несериозно да седам на две солчиња и поради тоа им се заблагодарив на понудата“, изјави Михајловиќ.

Михајловиќ ја водеше Србија во квалификациите за СП 2014 кога заврши зад Белгија и Хрватска. Србија на два ипол месеци пред почетокот на квалификациите за Мундијалот 2022 се уште нема селектор.

Ќе потсетиме, дека во слична позиција сме и ние затоа што договорот на Игор Ангеловски заврши на 31. декември 2020 и се уште се чека да се види што понатаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ал-Наср прашува за Антони, Манчестер Јунајтед поставија солидна цена за играчот

Саудискиот клуб Ал-Наср испратил запит кон Манчестер Јунајтед за евентуалните услови за пр…