Синиша Михајловиќ беше разочаран после натпреварот на неговата Болоња против Интер.
Болоња беше поразена со 1:0 од лидерот во Серија А, а на српскиот стратег не му беше сеедншто неговиот важен играч Јапонецот Такехиро Томијаши се повреди после 34 минути после напорното патување во Јапонија и натпреварот против Монголија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Миха се прашува дали имало смисла Јапонија да смета на овој дефанзивец затоа што „Самураите“ играа против навистина неубедлив противник. Тој натпревар го добија со 14:0.
„Победија 14:0 и го пуштија Томијаши да игра. Зарем им беше потребен. Па и ја ќе дадев гол против Монголија. Не се мешам во работата на другите тренери, но навистина мислам дека во некои натпревари, некои играчи можат да одморат“, изјави Михајловиќ.