Дома Фудбал Италија Михајловиќ испратил порака до играчите пред денешниот натпревар на Болоња

Михајловиќ испратил порака до играчите пред денешниот натпревар на Болоња

Синиша Михајловиќ нема да биде на клупата на Болоња во деншниот натпревар во Серија А.

Болоња денес и гостува на Бреша. Михајловиќ во првите две кола ја водеше Болоња од клупата, но пред овој натпревар мораше да се врати во болницата за да го започне вториот циклус од хемотерапијата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Михајловиќ во предсезоната ги следеше натпреварите и тренинзите преку видео линк, па таков ќе биде случајот и во денешниот натпревар.

„Нема страв, веќе се навикнавме на ваквите услови во текот на предсезоната. Јасно дека отсуството на Синиша е хендикеп, но верувам дека нема да се одрази на нивото на игра на тимот, играчите го чуствуваат присуството на Синиша“, изјави Мирослав Тањга, асистентот и кум на Михајловиќ.

Тој откри дека Михајловиќ им испратил порака пред денешниот натпревар.

„Бараше од нас да тренираме секоја минута како да е последна и да се спротиставиме храбро на ривалот, како и да го искористиме нашиот квалитет. Бреша е солиден тим со јасна структура. Се надеваме на позитивен резултат“, изјави асистентот на Михајловиќ.

Денешниот натпревар помеѓу Бреша и Болоња се игра со почеток од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Звезда го налути Вучиќ со изјавата по натпреварот со Интер

Претседателот на Србија Александар Вучиќ следи што се случува со спортот во неговата земја…