Дома Фудбал Италија Михајловиќ искрен: Не разбирам зошто добив отказ во Болоња

Михајловиќ искрен: Не разбирам зошто добив отказ во Болоња

Српскиот стратег Синиша Михајловиќ заработи отказ во Болоња после лошите резултати на стартот од сезоната, меѓутоа италијанските медиуми пренесуваат дека главната причина за отказот не се резултатите, туку односот на тренерот со сопствениците.

Михајловиќ не се согласи да потпише спогодбен раскин на договорот па затоа доби отказ. По заминвуањето од клубот Србинот испрати порака до навивачите и јавноста.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Често пати сум се збогувал со навивачи, играчи, клубови, градови…Таков е фудбалскиот живот, никаде не можете да останете вечно. Но, никогаш не сум бил лицемер, па нема да бидам ниту сега. Не разбирам зошто добив отказ во Болоња. Го прифаќам како професионалец, меѓутоа мислам дека ситуацијата беше под контрола. Како и да е секогаш ќе останам дел од вас“, гласи пораката на Михајловиќ.

После пет одиграни кола Болоња се наоѓа на 16. позиција со три освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…