Дома Останати Ракомет Миркуловски: Кога ќе замине Кире, лошо ни се пишува

Миркуловски: Кога ќе замине Кире, лошо ни се пишува

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Филип Миркуловски во интервју за „Балкан Хендбол“ вели дека откако Кире Лазаров ќе се повлече на репрезентацијата и се пишува тешко.

„Во последно време слушнам многу приказни за светлата иднина, и дека и понатаму ќе се пласираме на Европските и на Светските првенства, но не верувам во тоа. Кога Кире Лазаров ќе се повлече, ќе ни биде тешко воопшто да се пласираме на големите натпреварувања. Ќе ни биде дури и потешко со новиот систем на квалификации за Мундијалите. Сите се надеваме на најдобро, но реалноста не е таква. Немаме ракометар кој веднаш би го заменил Лазаров на десен бек. Во следните три-четири години ќе мораме да се потпреме само на Талески и на Кузмановски и ќе ни биде исклучително тешко да се оствари позначаен резултат.“ – вели Миркуловски.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Миркуловски од 2015 година настапува за германскиот бундеслигаш Вецлар, а бидејќи се наоѓа на крајот од кариерата, во наредната сезона ќе настапува и како помошен тренер и како ракометар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар денеска ги пушти во продажба билетите за дербито кое може да биде одлучувачко за титулата!

Ракометниот клуб Вардар денеска информираше дека ги пушта во продажба билетите за дербито …