Дома Трансфер зона Мирабели: Не знаеме колку пари ќе имаме за трошење, дали ќе јадеме сендвичи или кавијар!

Мирабели: Не знаеме колку пари ќе имаме за трошење, дали ќе јадеме сендвичи или кавијар!

Спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели денес го коментираше преодениот рок на „росонерите“.

Мирабели истакна дека се уште не знаак како ќе изгледа нивниот преоден рок, бидјеќи не се знае точниот буџет кој ќе го имаат на располагање.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Не размислуваме за ниту едно засилување бидејќи не знаеме со какви ресурси ќе располагаме. Тоа е како кога си гладен и си излезен надвор од дома, го отвораш новчаникот пред да одлучиш што да јадеш, дали сендвич или ќе можеш да отидеш во ресторан на кавијар и шампањ“, изјави Митабели.

Милан доби казна од УЕФА поради нарушување на Финансискиот фер-плеј, па финансиското салдо на продажбите и новите засилувања треба да биде на нула.

„Минатата година сакавме млада база, но оваа година ни требаат искусни засилувања. Но прво мора да знаеме со што располагаме и со што можеме да работиме. Сите што ќе си одат и секој што ќе дојде ќе биде одобрено од Гатузо. Ова ќе биде Гатузов Милан“, додаде Мирабели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…