Македонската А репрезентација го оддржа вториот тренинг во турска Анталија како подготовка за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора. Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.
Нашиот напаѓач, Бојан Миовски смета дека овој период е одличен за подготовка на тимот и се надева на позитивни резултати против Молдавија и Црна Гора.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат“.
– „Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус“.
– „Секогаш давам 200 % за клубот и репрезентацијата, секако ќе ми биде многу драго да почнам да погодувам и во националниот дрес, различно е чувството кога даваш гол за репрезентацијата и се надевам и се надевам дека ќе ја искористам шансата ако ми се укаже“, изјави Миовски.