Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубот изминатата вечер и му оддаде признание за се што правеше на теренот во натпреварите против противничките екипи.
Миовски сезоната ја заврши со 24 гола во сите натпреварувања и 14 само во шкотската Премиер лига, па заслужено и од навивачите и од соиграчите беше избран за играч на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Признанијата на македонскиот голгетер му беа доделени изминатата вечер на свечена церемонија. На социјалните мрежи Миовски испрати и благодарност до навивачите за големата поддршка.
„Им благодарам на сите мои поддржувачи кои гласаа за мене, покажавте колку ви значи тоа што го правам на теренот. За мене овие две награди се доказ дека се што сум направил за овој тим е од срце“, објави Миовски.
Во текот на летниот преоден рок Миовски би можел и да ја промени средината бидејќи за него има интерес од најголемите шкотски клубови (Селтик и Ренџерс), но и клубови од други држави.