Темата за која светот пишува со години би можела да се реализира во најчудни околности.
Да и тоа се појави како можност, Лионел Меси во Премиер лигата, но не во друг дрес, туку во овој на Барселона.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Од Островот стигнува интересна инфромација во случај Каталонија да изгласа независност, Барселона би можела да избере и да се натпреварува дури во Премиер лигата.
Ни, помалку ни повеќе оваа вест беше соопштена од министерот за спорт на Каталонија, Жерар Фигерас.
„Во случај да добиеме независност, каталонските клубови, Барселона, Еспањол и Гирона би одлучувале каде сакаат да настапуваат, во Шпанија, Франција, Германија или пак Англија. И сега во Шпанија има клубови од други држави, клубови од Андора, како во фудбалот, така и во кошарката. Мислам дека УЕФА нема ништо против тоа клубови од една земја да се натпреваруваат во друга“, изјави Фигерас.
Сепак, тешко е да се поверува дека вакво нешто може да биде реализирано, пред се Шпанија не смее да си дозволи да остане без Каталонија, а Реал Мадрид исто така не смее да си дозволи да остане без Барселона, бидејќи од тој момент фудбалот во оваа држава повеќе нема да биде ист.