Дома Фудбал Минатата сезона се бореа за опстанок во Серија А. Сега се први

Минатата сезона се бореа за опстанок во Серија А. Сега се први

Фудбалерите на Удинезе го презедоа врвот во италијанското првенство со победата од 2:3 на гостувањето кај Парма во натпреварот од 4.коло.

По првото полувреме Парма водеше со 2-0, а потоа Лоренцо Лука (50′) со еден и Флоријан Тавин (68′, 77′) со два гола направија голем пресврт.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Удинезе на тој начин се искачи на врвот на табелата и сега има 10 бодови. Ова е големо изненадување на почетокот на новата сезона, бидејќи ова е тим кој минатата сезона се бореше да остане во лигата до самиот крај.

Бод помалку има второпласираниот Наполи, а два помалку имаат Интер, Јувентус и Торино. Парма остана на 12. позиција со четири бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …