Благоја Милевски вечерва приреди чудо со своите момци и ја победи Италија во Палермо со 0:1 со голот на Александар Трајковски во 93. Минута.
„Македонија е мала држава, но со големо срце и силен менталитет. Овие момци тоа најдобро го покажаа вечерва. Што можам да кажам после една ваква победа – задоволство е да се работи со вакви момци. Голема благодарност до сите. Благодарам и на роденденските честитки, а оваа победа е најголемиот роденденски подарок. Ме радува што Трајковски кој е тука како дома го постигна победничкиот гол“, изјави Милевски
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Натпреварот помеѓу Португалија и Македонија се игра на 29-ти во Порто.
Фото: ФФМ