Дома Фудбал Италија Милан ќе ги откупи Тонали и Меите

Милан ќе ги откупи Тонали и Меите

Раководството на Милан донесе одлука да го откупи Сандро Тонали и Суалихо Меите, играчи кои играат под наем на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ го донесоа 20-годишниот Тонали од Бреша минатото лето на позајмица за 10 милиони евра. За да го откупои во целост неговиот договор Милан ќе треба да плати додатни 20 милиони евра, а миланскиот гигант сигурно ќе ја активира таа опција.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Кога станува збор за Меите, тој пристигна во јануари на позајмица од Торино и „росонерите“ имаат опција да го откупат за 8 милиони евра. Французинот веќе одигра 16 меча за Милан и задоволи со своите игри, па клубот ќе го откупи на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо стана косопственик на шпански фудбалски клуб!

Oткако две децении во кои доминира на светската фудбалска сцена како играч, Кристијано Рон…