Дома Топ вести Милан ја најде замената за Брахим Дијаз

Милан ја најде замената за Брахим Дијаз

Лазар Самарџиќ игра одлично во дресот на Удинезе и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

21-годишниот офанзивен играч за врска е роден во Германија, но има српски корени и избра да игра за српската репрезентација.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој игра одлично во Серија А, а најсилен интерес за неговите услуги покажува Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Росонерите“ се во потрага по офанзивен играч за врска, бидејќи иднината на Брахим Дијаз е неизвесна и Шпанецот најверојатно ќе се врати во Реал Мадрид ова лето.

Пиоли верува дека Самарџиќ ќе биде идеална негова замена бидејќи покажа дека е еден од најталентираните играчи во Серија А.

Медиумите тврдат дека Удинезе за неговата слобода бара 20 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…