Дома Фудбал Самарџиќ му даде отказ на сопствениот татко, ќе си бара нов менаџер

Самарџиќ му даде отказ на сопствениот татко, ќе си бара нов менаџер

Српскиот фудбалер, Лазар Самарџиќ, сам ќе се застапува во следните преговори околу потенцијалното напуштање на Удинезе, пишуваат италијанските медиуми.

Самарџиќ изминатава година беше пред трансфер во Интер, но неговиот татко, кој е негов менаџер во последен момент ги промени условите па трансферот пропадна.

Неговиот татко и агент Младен и ова лето преговара со заинтересираните клубови, но без поголем напредок.

Поради тоа Самарџиќ решил да го отпушти и да ангажира некој искусен и докажан фудбалски менаџер.

Најблиску до неговиот потпис наводно е Милан, кој веќе неколку недели преговара за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куп-сензација: Флитвуд го исфрли Арсенал на пенали!

Четвртолигашот му приреди горчлива вечер на Арсенал: ниту голот на Ѓокереш не беше доволен…