Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи веќе нашол замена за Елиф Елмас, а станува збор за играчот на Удинезе, Лазар Самарџиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, но трансферот пропадна бидејќи агентот побара повисока плата.
Наплитанците уште минатата недела започнаа преговори со Удинезе, а последните информации од Апенините се дека е постигнат договор.
Трансферот ќе се комплетира наредните денови, а Наполи за потписот на Самарџиќ ќе плати 20 милиони евра плус бонуси.
Силен интерес за фудбалерот покажуваше и Јувентус, но Наполи успеа да ја победи конкуренцијата.