Дома Фудбал Италија Милан ја зголеми понудата до Леао

Милан ја зголеми понудата до Леао

Милан и Рафаел Леао се блиску до договор за продолжување на соработката, откако „росонерите“ ја зголемија понудата, пренесува „Скај Италија“.

Преговорите помеѓу Милан и Леао за продолжување на соработката траат веќе подолго време, но сега двете страни се блиску до договор.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Леао има договор до 2024 година и е на мета на многу европски гиганти, но Милан ги одби сите понуди бидејќи сака да го задржи Португалецот.

Милан спреми нова понуда од 7 милиони евра годишно плус бонуси, притоа „росонерите“ се спремни да му дадат бонус од 5 милиони при потпис.

Леао сака да остане на „Сан Сиро“ и се очекува наскоро да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ибрахимовиќ му ги покажа вратите на Лука и рече: „Нема вака тука, додека сум јас овде“

Додека во Милано интензивно се работи на продолжување на договорот со капитенот на Хрватск…