Дома Топ вести Милан ја доби трката за потписот на големиот португалски талент!

Милан ја доби трката за потписот на големиот португалски талент!

Полската „гол-машина“ Криштоф Пијатек набрзо ќе ставане нов фудбалер на Милан, но во меѓувреме „росонерите“ комплетираа уште еден трансфер.

Станува збор за големиот португалски талент Тиаго Џало од Спортинг Лисабон, кој утре се очекува да пристигне на лекарски прегледи во Милано.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Милан и Спортинг се договориле за условите, а португалскиот тим побарал клаузула со која ќе се осигура дека Милан не може да го продаде фудбалерот во Порто или Бенфика.

Џало е 18-годишен дефанзивец за кого инетрес покажуваа многу европски гиганти, а Милан го „украде“ пред носот на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Младиот Португалец до крајот на сезоната ќе игра со младинците, а од следната сезона ќе биде вклучен во првиот тим на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…