Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Бока Јуниорс, Кристиан Павон.
Станува збор за 22-годишен крилен напаѓач кој подеднакво добро може да игра и во левата и по десната страна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Павон веќе запиша и два настапи за аргентинската репрезнетација и е мета на многу европски гиганти.
„Тутоспорт“ пренесува дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со Бока Јуниорс и започнале преговори, а аргентинскиот клуб за слободата на фудбалерот бара 35 милиони евра.
Меѓутоа, Милан е спремен да во трансферот да го вклучи и Густаво Гомез, кој е силна желба на раководството на Бока Јуниорс и чија цена се проценува на околу 10 милиони евра.