Германските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на ПСЖ и германски репрезентативец, Јулијан Дрекслер.
Милан е во потрага по засилување на крилните позиции, а една од најголемите желби на „росонерите“ е токму Јулијан Дрекслер. Германецот не добива голема минутажа во Париз покрај Нејмар и е спремен да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан сака да ја искористи таквата ситуација, а познато е дека Леонардо е во одлични односи со својот поранешен клуб и со претседателот на ПСЖ.
Сепак, трансферот останува „тешка мисија“ бидејќи „росонерите“ поради финансискиот фер-плеј сакаат да го донесат Германецот на едногодишна позајмица со право на откуп.
Меѓутоа, Леонардо веќе рабори на трансферот и наводно започнал преговори со францускиот клуб.
Milan have inquired about Julian Draxler but a deal remains very complicated due to the potential formula Milan want to sign him on (loan) and his high salary. However, Leonardo could make a try to sign him [TMW] pic.twitter.com/7j4uf1GmIY
— Milan Eye (@MilanEye) August 7, 2018