Дома Топ вести Милан спреми 100 милиони за јануари

Милан спреми 100 милиони за јануари

Најеминентниот италијански весник „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан ќе има на располагање 100 милиони евра за засилувања во јануари.

Милан со својата паметна политика е еден од клубовите со најдобра финансиска ситуација во Европа и без никакви долгови.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Паоло Малдини има на располагање 100 милиони евра и ќе се обиде да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

„Росонерите“ играат одлично, моментално се на врвот на табелата во Серија А, па во клубот гледаат шанса оваа сезона за Скудетото.

Прв на листата желби е Роман Фавре, 23-годишен офанзивен играч за врска од Брест, кој важи за еден од најголемите француски таленти.

Милан се уште не се откажал од Хаким Зијех од Челзи, а голема желба на Малдини е и играчот за врска на Марсеј, Камара, кој се смета за одлична алтернатива за Кеси.

Притоа, „росонерите“ започнаа преговори за продолжување на договорите на четворица важни фудбалери, Тео Хернандес, Рафаел Леао, Бенасер и Симон Кјаер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…