Милан во најскоро време ќе започне преговори за продолжување на соработката со својот капитен, Алесио Ромањоли, пренесуваат медиумите на Апенините.
Актуелниот договор на Ромањоли истекува во 2022 година, но еден е клучните приоритети на раководството е да ја продолжи соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ромањоли во последните години се етанлираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, а минатото лето беше именуван за капитен на тимот.
Интерес за 25-годишниот дефанзивец покажуваат неколку европски гиганти, па поради тоа Милан сака што побрзо да ја продолжи соработката.
„Газета дело Спорт“ тврди дека веднаш после завршувањето на пандемијата, раководните луѓе на Милан ќе започнат преговори со неговиот агент Мино Раиола и ќе му понудат долг договор со значително зголемување на платата.