Дома Топ вести Милан спрема мега-трансфер од 70 милиони!

Милан спрема мега-трансфер од 70 милиони!

Новите сопственици на Милан имаат амбициозен проект, па „росонерите“ се очекува да бидат многу активни во летниот преоден рок и да донесат неколку големи имиња на „Сан Сиро“.

Италијанските медиуми тврдат дека главна мета на „росонерите“ ќе биде ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг и дека италијанскиот клуб веќе почнал да работи на трансферот.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Имено, новиот генерален директор на Милан Марко Фасоне, заедно со спортскиот директор Масимилијано Мирабели, одржале состанок со челниците на Борусија Дортмунд во Германија и се спремни да платат 70 милиони евра за неговиот потпис.

Интересно, габонскиот репрезентативец беше дел од Милан од 2007 до 2011 година, но на „Сан Сиро“ никогаш не ја доби потребната шанса, па во 2011 година, по неколку позајмици, го продадоа во Сент Етјен за еден милион евра.

Сепак, Милан ќе има многу потешкотии при реализацијата на овој трансфер бидејќи Обамејанг е еден од најдобрите напаѓачи во светот и за него силен интерес покажуваат уште и Реал Мадрид, Манчестер Сити, Арсенал и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алонсо од лето го презема Реал Мадрид

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…