Дома Фудбал Италија Милан промашуваше, но ВАР го спаси од пораз против Фросиноне (ВИДЕО)

Милан промашуваше, но ВАР го спаси од пораз против Фросиноне (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од 18-тото коло во Серија А, Милан одигра само 0:0 против Фросиноне.

Иако „росонерите“ против претпоследниот тим на табелата беа апсолутен фаворит на крајот мораа да се задоволат само со бод.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Милан беше подобар тим во текот поголемиот дел од натпреварот. Првата прилика ја пропушти Кутроне во 3-тата минута, а во 18-тата Кастиљехо ја погоди стативата. Се играше 37-та минута кога

Фросиноне постигна погодок преку Чиана, но судијата после прегледувањето на ВАР процени дека имало прекршок во напад и го поништи погодокот.

„Росонерите“ во второто полувреме беа тим кој повеќе напаѓаше, но гостинските фудбалери многу се испромашуваа. Најголемата шанса ја имаше Гонзало Игуаин кој во последните минути од идеална позиција шутираше високо над голот.

Со ова реми Милан ќе остане на петтата позиција со 28 освоени бодови, а во последните четири натпревари не забележаа ниту една победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Како на селски фудбал, а не во квалификации за Лига на шампони: Противникот на Шкендија играше со импровизиран дрес

Во натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, велшкиот тим ТНС …