Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Белгиецот завршува на крајот на сезоната, па тој сега е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го донесе на „Сан Сиро“. „Росонерите“ сакаат да ја победат конкуренцијата и веќе започнале преговори со неговиот агент.
Милан е во потрага по наследник на Ибрахимовиќ и верува дека Ориги би бил идеално решение.