Дивок Ориги минатото лето се пресели во Милан, но најверојатно ќе си замине од „Сан Сиро“ после само една сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ориги требаше да биде големо засилување, но главно ја грее клупата за резерви и оваа сезона постигна само два гола, па Милан е спремен да се ослободи од него.
Најсилен интерес за Белгиецот покажуваат Астон Вила и Вест Хем, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Интерес за Ориги покажуваат и турските гиганти Бешикташ и Фенербахче, а Милан за неговата слобода бара 10 милиони евра.
Ориги сака да се врати во Премемиер лигата, но не исклучува и трансфер во Турција.