Дома Топ вести Милан понуди 85 милиони, Реал кажа НЕ

Милан понуди 85 милиони, Реал кажа НЕ

Италијанскиот гигант Милан ова лето направи „бум“ на трансфер пазарот, но сеуште е во потрага по врвен напаѓач.

Едно од имињата кои се на врвот на желбите на „росонерите“ е Алваро Мората од Реал Мадрид, кој наводно веќе има постиганто договор со италијанскиот клуб.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Шпанските медиуми пренесуваат дека Милан испратил првична понуда до „кралскиот“ клуб од 75 милиони евра плус додатни 10 милиони како бонуси, но Реал ја одбил понудата.

Имено, Флорентино Перез бара 90 милиони евра за слободата на Мората и не планира да го пушти напаѓачот за помала сума, па поради тоа пропадна и трансферот во Манчестер Јунајтед.

Сега не е јасно дали „росонерите“ ќе ја зголемат понудата за додатни 5 милиони или ќе се свртат кон другите цели, а тоа се Белоти од Торино и Обамејанг од Борусија Дортмунд.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Мората врши притисок врз раководството и бара да му биде дозволено да ја промени средината ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…