Најталентираниот светски голман Џиџи Донарума одби да го продолжи договорот со Милан што значи дека од следното лето ќе биде слободен играч, но италијанскиот клуб нема намера лесно да помине преку оваа одлука.
Претседателот на Милан, Ли Јонхонг, кој неодамна го купи италијанскиот гигант е дециден во намерата да го одбие сите понуди и да го испрати Донарума една година на трибини.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Платив 800 милиони евра за да го купам Милан. Доколку го продадеме Донарума за 40 милиони нема да станеме побогати. Тој ќе седи на трибините до крајот насезоната“, одлучил претседателот.
Директорот на Милан, Марко Фасоне, пред неколку дена соопшти дека менаџерот на Донарума, контроверзниот Мино Раила ги прекинал преговорите и ја одбила понудата од 5 милиони евра по сезона.
Откако ова беше соопштено буквално целата Италија го нападна и осуди младиот голман, го прогласи за платеник и предавник, па социјалните мрежи и медиумите се преполни со навреди за Донарума.
Тој моментално се наоѓа со младата репрезентација во Полска, а медиумите пренесуваат дека е тажен поради тоа што целата јавност се сврти против него и го осуди неговиот потег.
„Потиштен сум. Ме масакрираа“, им се доверил Донарума на соиграчите.
Неговиот менаџер Мино Раиола денес повика пресконференција на која ќе се обиде да ја објасни причината за ваквата одлука и да го поправи имиџот на Донарума, а дел од медиумите најавија бојкот на пресот.