Дома Фудбал Италија Милан одби богатство за него, сега Леао бара пет пати повисока плата

Милан одби богатство за него, сега Леао бара пет пати повисока плата

Челзи во летниот преоден рок понуди 100 милиони евра за Рафаел Леао, но Милан не сакаше да слушне за продажба на својата ѕвезда.

Леао минатата сезона блесна и беше избран за најдобар фудбалер во Серија А, па неговата цена драстично порасна.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Милан ова лето ги одби сите понуди и започна преговори за продолжување на договорот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент Жорге Мендеш ја одбил првата понуда на „росонерите“ која изнесувала 5 милиони евра по сезона.

Леао бара да биде меѓу најплатените фудбалери во Серија А и нема да прифати понуда помала од 7,5 милиони евра по сезона.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан е свесен за ситуацијата и е спремен да ја подобри својата понуда, па во наредните денови ќе му понуди 6,5 милиони плус 1 милион како бонус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…