Италијанските медиуми вчера објавија дека опоравувањето на Златан Ибрахимовиќ би можело да трае подолго од очекуваното.
Ибрахимовиќ се повреди во натпреварот против Наполи и веќе неколку недели е надвор од терените, се појавија најави дека може да се врати овој викенд. Сепак тоа нема да се случи затоа што ситуацијата со повредата се искомплицирала.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан така остана без класичен напаѓач и „Тутоспорт“ пишува дека Милан би можел да доведе засилувања во нападот на почетокот на зимскиот преоден рок.
Според информациите на листата на желби на Милан има неколку имиња, но се издвојуваат имињата на Оливие Жиру од Челзи и Лука Јовиќ од Реал Мадрид. Италијанците тврдат дека овие двајца напаѓачи ќе бидат први желби на Милан во јануари, а преговорите наводно веќе се бодат.
Како што споменавме Жиру и Јовиќ се првите мети, меѓутоа во Милано имаат и резервни решенија. Покрај нив двајца во игра се Едуард од Селтик и младиот репрезентативец на Италија, Џанлука Скамача.
Доведувањето на Скамача би било малку комплицирано затоа што Сасуло веќе го позајми на Џенова каде што на 11 натпревари постигна шест голови. Како и да Милан прво ќе се обиде со Жиру и Јовиќ, па ако не успее ќе се сврти кон резервните решенија.