Дома Фудбал Италија Милан не му дал четири гола на Јувентус 31 година

Милан не му дал четири гола на Јувентус 31 година

Милан синоќа потсети на најдобрите свои денови и оствари сензационална победа над Јувентус.

„Росонерите“ после 60 минути игра имаа два гола негатива, а на крајот избраниците на Пиоли направија пресврт и победија со 4:2.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Милан му даде 4 гола на Јувентус прв пат после 31 година. Последен пат тоа се случи во март 1989 година кога „росонерите“ победија во Торино со 4:0.

Јувентус пак не примил 4 гола цели три години, односно од финалето во ЛШ против Реал Мадрид кое заврши со резултат 4:1.

Пред овој меч Јувентус беше во серија од седум последователни победи во Серија А. Серијата почна уште во февруари и продолжи после паузата, а и покрај поразот „старата дама“ останува лидер на табелата со 7 бода предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гана се раздели со селекторот 72 дена пред Мундијалот

Гана го отпушти селекторот Отто Ада само 72 дена пред почетокот на Светското првенство 202…