Tрансферот на Алваро Мората е договорен и се чека само официјалната потврда, а од редовите на Милан работат и на уште едно засилување во нападот.
Според последните информации на медиумите Никлас Фулкруг би можел да биде следен кој ќе го засили нападот на „росонерите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фулкруг кој го носи дресот на Борусија Дортмјунд на Европското првенство го покажа својот квалитет, а неговиот договор со „милионерите“ му истекува јуни 2026 година. Сепак, Борусија веќе летово го доведе Гираси од Штутгарт, па би можела да даде зелено светло за заминување на Фулкруг.
Најавите се дека за 31-годишниот напаѓач, Милан би требало да издвои околу 15 милиони евра.