Дома Трансфер зона Милан купува дефанзивец од Бундеслигата

Милан купува дефанзивец од Бундеслигата

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.

„Росонерите“ се во потрага по дефанзивец кој ќе може да биде алтернатива за Томори и Французинот е на врвот на листата желби.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


22-годишниот Ндика минатата сезона одигра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.

Неговиот договор со германскиот клуб истекува следното лето, па поради тоа Ајнтрахт е спремен да го продаде.

Медиумите тврдат дека Милан и Ајнтрахт се во напредни преговори и дека може да го договорат трансферот за 15 милиони евра.

Скаутите на „росонерите“ веќе подолго време го следат дефанзивецот, кој може да игра и на позицијата лев бек, па веруваат дека идеално ќе се вклопи во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…