„Кориере дело Спорт“ открива дека Милан, Ливерпул и Лестер се заинтересирани за италијанскиот репрезентативец Доменико Берарди.
Милан сака да ја засили десната крилна позиција, а најголема желба на тренерот Пиоли е токму Доменико Берарди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Берарди одигра уште една одлична сезона, постигна 17 голови, а покажува добри партии и на Европското првенство.
Меѓутоа, на „росонерите“ нема да им биде лесно да ја победат конкуренцијата бидејќи интерес за Италијанецот покажуваат уште Ливерпул и Лестер.
Сасуоло е спремен да го пушти, но за неговата слобода бара 40 милиони евра.
📰 CorSport: #ACMilan, Liverpool and Leicester all interested in signing €40m wingerhttps://t.co/jFqlDTQxs7 #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) July 12, 2021