Дома Трансфер зона Милан и Интер ја сакаат ѕвездата на Верона

Милан и Интер ја сакаат ѕвездата на Верона

Миланските гиганти Интер и Милан водат битка за играчот од средниот ред на Верона, Антонин Барак, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барак е еден од најдобрите играчи на Верона оваа сезона и веќе има постигнато 10 гола и 4 асистенции, иако е играч за врска.

Чешкиот играч за врска ги воодушеви Инзаги и Пиоли, кои сега го означија како примарна цел за следното лето.

Верона е спремна да го пушти на крајот на сезоната и за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Миланските гиганти уште сега ги започнаа преговорите и сакаат да ја победат конкуренцијата и да го донесат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…