Дома Трансфер зона Милан и Интер го сакаат „новиот Халанд“

Милан и Интер го сакаат „новиот Халанд“

Италијанските гиганти Милан и Интер на лето ќе водат голема битка на трансфер пазарот.

Главна цел ќе биде ѕвездата на Лајпциг, Бенџамин Шешко, кој има 20 години и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Словенскиот репрезентативец го споредуваат со Халанд, бидејќи блесна во дресот на Салцбург, а сега игра одлично во Бундеслигата.

Шешко на 16 меча оваа сезона постигна 9 гола и Лајпциг сигурно нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и за неговата слобода ќе бара најмалку 50 милиони евра.

Приоритет на миланските клубови ќе биде доведување на врвен напаѓач, но конкуренцијата за Шешко ќе биде голема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…