Дома Фудбал Германија Милан испадна од игра за Тодибо, Французинот се сели во Бундеслигата

Милан испадна од игра за Тодибо, Французинот се сели во Бундеслигата

Францускиот фудбалер Жан Клер-Тодибо (20) нема да ја засили екипата на Милан туку кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата.

Иако изминативе денови Милан преговараше со Барселона за неговото пристигнување во Сан Сиро, 20-годишниот Французин сепак нема да го облече дресот на „Росонерите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овој талентиран фудбалер ја продолжува кариерата во Шалке. Екипата од Гелзенкирхен договори шестмесечна позајмица на овој фудбалер и тој ќе се приклучи на германскиот тим во наредните денови.

Од друга страна, Милан ќе мора да најде друго решение за нивниот тим, а Тодибо ќе го гледаме во дресот на Шалке.

Тодибо пристигна во Барселона во 2018 година од Тулуз, но има одиграно само четири натпревари за првиот тим на каталонскиот великан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

На „Енфилд“ му е „забранет влезот“ поради Жота, а тој првпат се огласи во јавност

Луис Диаз на дебито за Баерн успеа да се запише на листата на стрелци, а голот го прослави…