Хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ е на излезна врата од „Сан Сиро“, а италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе пронашол замена.
Калиниќ минатото лето пристига во Милан од Фиорентина, но не ги оправда очекувањата, па клубот го стави на трансфер листа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за Хрватот, двата клуба се веќе во напредни преговори и наскоро би требало да биде комплетиран неговиот трансфер во Мадрид.
„Росонерите“ веќе пронајдоа замена, а станува збор за италијанскиот репрезентативец Симоне Заза. Напаѓачот веќе постигнал договор со Милан и ќе потпише 4 годишен договор тежок 2,5 милиони евра по сезона.
Милан и Валенсија веќе започнале преговори за трансферот кој би требало да изнесува околу 20 милиони евра.